Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво.

    Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели.

    Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници.

    Во програмскиот дел секоја година ја забрзуваме брзината на говорот и динамиката на рубриките и на вестите. Во минатото луѓето беа научени полека да ги слушаат вестите, стереотипно. Сега сж повеќе го забрзуваме темпото на читање, бидејќи такво е темпото на живеење. Вестите се сж пократки и со поголема брзина. Прво, стартувавме со таков информативен појас во Битола, кој се вика "Пела ФМ" се емитува во Прилеп и во Битола, а след еден месец Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ" за Штип и Кочани. И двата канала се емитуват во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво.

    Канал 77 е партнерска станица на македонските редакции на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка.

Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18
телефон: (+389) 32/ 397 707
факс: (+389) 32/ 397 717

Македонија 1000 Скопје
телефон: (+389) 02/ 3223 122

e-mail: kanal77@kanal77.com.mk
web-site: www.kanal77.com.mk



    През октомври 2006 година, по повод 15 години постоење во македонскиот етер, Канал 77 го отвори регионалното радио "Пела ФМ" во Битола кое се емитува на две фреквенции. Тоа са пелагониски вести кои се слушаат во Прилеп и во Битола во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво. "Овој информативен прозорец значи повеќе медиумска светлина и свежина во локалниот етер. Тоа ќе придонесе да се збогати локалната информативна понуда, а преку него ќе се пласираат настани од регионот, а особено за локалната самоуправа. Пела ФМ ќе ја развие и конкуренцијата на ова информативно подрачје", рече Мирче Адамчевски, претседател на Радиодифузниот совет, кој свечено го прогласи Пела ФМ за отворено.

Битола 7000, улица Климент Охридски 24
телефон: (+389) 047/ 212 373, 212 379



    Само еден месец по промовирањето на програмскиот прозорец Пела ФМ во Битола, наменет за слушателите од Пелагонискиот регион, Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ". Програмскиот прозорец Носталгија ФМ емитува програма од 9 до 15 часот. Прозорецот е наменет за слушателите на Штип и потесниот регион а форматираниот прозорец нуди две основни компоненти: Олдис музика со музика од бившите Ју простори и вести. Промовирањето на локалните програмски прозорци е дел од настојувањата на менаџментот на Канал 77 медиумски да ја засилат информираноста на граганите на локално ниво, како резултат на процесите на децентрализација. Неговот промовирање се совпага со прослвата на 8-ми Ноември, денот на ослобдувањето на Штип, заради што стартот на програмата на "Носталгија ФМ" ќе ја означи Градоначалникот Панде Сарев. Канал 77 оваа година го одбележа 15 годишниот јубилеј.

Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18
телефон: (+389) 032/ 397 707
факс: (+389) 032/ 397 717
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
Емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Битола 103.20 Тумбе Кафе, KANAL 77, (+ регионална програма „Пела ФМ“)
Битола 106.00 Пелистер, KANAL 77
Босилово 101.00 Босилово, KANAL 77
Валандово 103.40 Боскија, KANAL 77
Велес   89.40 Свети Илија, KANAL 77
Гевгелија 101.50 Мрзенски рид, KANAL 77
Дебар   89.00 Стогово, KANAL 77
Делчево 102.70 Голак, KANAL 77
Демир Капија 100.30 Демир Капија, KANAL 77
Душегубица 104.10 Душегубица, KANAL 77
Кавадарци 106.00 Љубаш, KANAL 77
Кавадарци 106.90 Фариш, KANAL 77
Кичево 105.50 Цоцон, KANAL 77
Кожле 101.90 Кожле, KANAL 77
Крива Паланка 106.80 Жидилово, KANAL 77
Куманово 102.70 Стари лозја, KANAL 77
Маврово   89.70 Кожа, KANAL 77
Неготино 103.20 Серта, KANAL 77
Охрид 105.40 Гореничка чука, KANAL 77
Пехчево   92.30 Буковиќ, KANAL 77
Прилеп 104.10 Две Стени, KANAL 77, (+ регионална програма „Пела ФМ“)
Радовиш 102.30 Али Коч, KANAL 77
Ресен 104.40 Сопотско, KANAL 77
Свети Николе 103.80 Ѓуриште, KANAL 77
Скопје   89.70 Водно, KANAL 77
Страцин 105.10 Страцин, 500 W, KANAL 77
Струга 106.90 Мали Влај 2, KANAL 77
Струмица 106.00 Баир, KANAL 77
Сушево 102.90 Сушево, KANAL 77
Тетово 101.90 Попова Шапка, KANAL 77
Штип 101.80 Туртел, KANAL 77
Штип 103.00 Штип-1 - Исар, KANAL 77, (+ регионална програма „Носталгија ФМ“)
 
© 2001-2011 Михаил Щербак •  За сајтот •  Услови за користење •  Контакт