УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Охрид   89.00 СРЦ „Билјанини извори”
Охрид   98.80 Хотел „Сончева порта”
Интернет емитување формат
Слушај Радио Охрид во живо 64 kbps mp3

  Во 1957 година на иницијатива на инициjатива на тогашното Собранието на општина Охрид е формирано Радио Охрид. Наjпрво работи во рамките на Работничкиот Универзитет, а потоа во Домот на културата. На 3 април 1969 година Општинската конференциjа на Социjалистичкиот соjуз, како основач, носи одлука Радио Охрид да работи како посебна институциjа за информирање. За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше". Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот. Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови. Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на вработените кон куќата и професијата Радио Охрид опстана и по трансформациските потреси. Во годините наназад се нижеа награди и признанија за емисии и проекти кои реално го отсликуваа животот и секојдневието на охриѓани и на безбројните вљубеници во него.Од традиционалните Денови на македонското радио, секоја година Радио Охрид се враќаше со куп награди. Во нашата колекција се и најголемите општински признанија Седмоноемвриската награда и Осмодекемвриската повелба "Свети Климент Охридски - Патронот на Охрид".

  Радио Охрид емитува 24 часовна програма, од коjа, дневно, 15 часа се од сопствена продукциjа. Централно информативната емисиjа "Дневник" е во 16:30 часот. Флеш вести се емитуваат секоj час. Сигналот на Радио Охрид ги покрива општините Охрид, Струга, Ресен и дел од Република Албаниjа.

  Со Законот за радиодифузија и Одлука на Советот за радиодифузија радиото беше дадено на продажба преку министерството за економија. Од декември 2007 година сопственик на 55 проценти од капиталот е компанијата АМАК СП - Охрид. И покрај неопходната нагласеност на маркетингот, редакцијата се труди информативната програма да биде стожер на 24 - часовната програма. Ние сме биле и ќе бидеме на линијата на објективноста и професионалноста. Радио Охрид - ден и ноќ со Вас!

Охрид 6000, улица Свети Климент Охридски 2
телефон: (+389) 046/ 265 505 (студио), 262 475 (редакциjа)
факс: (+389) 046/ 261 478
e-mail: radiooh@sonet.com.mk
web-site: www.radioohrid.com.mk
Аудио сигнали на Радио Охрид
ohrid_biljana.mp3 2.03 MB   7:00: "Билјана платно белеше"
ohrid_14032008.mp3 377 KB   14 март 2008 г.
ohrid_radio.mp3 40 KB   28 маj 2002 г.
 
© 2001-2011 Михаил Щербак •  За сајтот •  Услови за користење •  Контакт