|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() Втори канал на Македонската телевизија - Програма на јазиците на националностите На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма е Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитува свои содржини, на вториот канал се преземаат директно програми од другите југословенски телевизиски центри. Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и бошњачки јазик. Македонска Радио-телевизија Република Македонија 1000 Скопје, булевард Гоце Делчев б.б. телефон: (+389) 02/ 311 2557, 311 9505 факс: (+389) 02/ 311 2578 e-mail: mrtveb@mrt.com.mk, mkrtvcor@mt.net.mk, mkrtvir@mt.net.mk web-site: www.mrt.com.mk |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

