Радио Тајм ФМ е медиумска куќа која работи веќе 15 години и е единствено, а во исто време и најуспешно радио во гевгелиската околина. Работејќи по светски запишани стандарди, таканаречениот топ 40 формат на радио станица, нуди 24 часовна радио програма исполнета со едукативни и забавни содржини, контактни емисии и пред се музика за сечиј вкус.

    Екипата на радиото ја сочинуваат млади ентузијасти, вљубеници во музиката и радиото и веќе одамна докажани имиња во оваа професија. Радиото со својот квалитетен сигнал зрачи и ги покрива следните општини: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Покрај големиот процент на покриеност, популарноста односно слушаноста на радиото е на највисоко можно ниво, а сето тоа го потврдуваат нашите многубројни слушатели, кои секојдневно учествуваат во нашите контактни емисии, како и долгогодишната соработка со многубројните спонзори.

    Воедно сакаме да укажеме дека Радио Тајм ФМ е единствено радио на оваа територија кој комплетно ги исполнува условите зададени од Советот за радиодифузија, односно е единствен приватен медиум кој работи со лиценца издадена од Советот за радиодифузија и која важи 9 години во период од 2007 до 2015 година. Оваа медиумска куќа се финансира исклучиво од реклами, соопштенија и разни други спонзорства, па со тоа сакаме да Ви укажеме дека Радио Тајм ФМ е секогаш отворен за соработка со Вас и Вашата фирма и тоа по доста поволни финансиски услови.


  Реп. Сев. Македонија 1480 Гевгелија, ул. „Јосиф Јосифовски“ 21
  тел. +389 34 214995, +389 34 214996
  e-mail: radiotimefm@yahoo.com
  web-site: www.timefm.mk , Радио Тајм ФМ во Фејсбук

Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Гевгелија   93.6 Хума