
ТВ Канал ВИС како најстара приватна телевизиска куќа во Р. С. Македонија и мошне респектабилна на локално, регионално и државно ниво, емитува програма за 120 000 потенцијални гледачи на територијата на Општините Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш. Сигналот се емитува слободно терестеријално, а дигитално-оптички не реемитуваат кабелските оператори Телекабел, Кабелнет и MAX TV.
Во своите програмски содржини што ги нуди ТВ Канал ВИС, отстапува време и простор за рекламирање во своите рекламни блокови, рез во емисии од сопствена просукција, ТВ Инфограм и други ТВ содржини. Освен тоа ТВ Канал ВИС согласно Вашите потреби Ви нуди и можност за рекламирање на други локални телевизии во југоисточниот дел од државата, па и на територијата на цела Македонија.
ТВ канал ВИС е формирана пред 15 години. Низ текот на нашето работење се наметнавме како куќа која објективно ги пренесува сите настани од локален карактер. Вкупно има 27 вработени кои секојдневно ги откриваат проблемите кои ги засегаат нашите сожители. Низ овие 15 години па и во иднина се водиме со мотото „во ВИС е ВИСтината“. Продуцираме сопствени емисии од разни теми почнувајќи од областа на медицината па се до информации за најмладите. Посебно сме горди на нашите вести кои ги изградивме во постојана потреба за нашите гледачи.
Струмица 2400, ул. 11-ти Октомври бб
тел. +389 034/ 347 111, 348 111, 330 230
факс: (+389) 034/ 330 112
e-mail: info@kanalvis.com
web-site: www.vis.mk
