Гореничка чука / Горењска чука
Радиодифузниот објект „Гореничка чука” е расположен на околу 10 километри северозападно од Охрид, на планинскиот рид Горенци. На врвот се поставени предаватели за радио и ТВ сигнали, мобилни телефони, интернет и радар на охридскиот аеропорт. Географски координати: 20°46'17"E / 41°10'59"N, надморска височина (кота терен): 1203 м




Калето
Репетитор „Калето” се наоѓа над самиот центар на Охрид, до тврдината на Цар Самуил. Географски координати: 20°47'51"E / 41°06'54"N, надморска височина (кота терен): 797 м





Фото: Николче, ЈП НРД и А. Димова
Други радиопредавателни станици
— Стари аналогови репетитори: Свети Еразмо, Чекоштина / Сончева порта, СРЦ Билјанини извори
— Среднобранови предавател Охрид
Историја на радиостаниците и телевизиите во Охрид
— Радио Охрид - 1242 kHz СБ, 89.0 / 98.8 MHz УКБ (1957-2016)
— Експрес Радио - Охрид 103.6 / 104.0 MHz УКБ
— MX Radio - Охрид 101.2 MHz УКБ (1997-2020)
— Телевизија Морис - Охрид (1997-2020)
— Независна телевизија, НТВ, O2 телевизија - Охрид
Информација и врски
Охрид е град во Југозападниот дел на Република Северна Македонија, на брегот на Охридското езеро. Градот се наоѓа на 170 км од главниот град на Р. С. Македонија - Скопје и на 370 км от главниот град на Р. Бугарија - Софија. Во средните векови, со основаната од Свети Климент и Свети Наум Охридска книжевна школа, градот е еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни културни центри во Европа, а во 10-11 век и главен град на Бугарското царство. Охрид и днес е културен, духовен и туристички центар на Македонија, а од 1980 година Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО како универзални културно-историски и природни вредности од светско значење. Градот има население од околу 50 илјади жители и е административен центар на општина Охрид.
Врски: Општина Охрид



