Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво.

    Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели.

    Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници.

    Во програмскиот дел секоја година ја забрзуваме брзината на говорот и динамиката на рубриките и на вестите. Во минатото луѓето беа научени полека да ги слушаат вестите, стереотипно. Сега сж повеќе го забрзуваме темпото на читање, бидејќи такво е темпото на живеење. Вестите се сж пократки и со поголема брзина. Прво, стартувавме со таков информативен појас во Битола, кој се вика "Пела ФМ" се емитува во Прилеп и во Битола, а след еден месец Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ" за Штип и Кочани. И двата канала се емитуват во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво.



    През октомври 2006 година, по повод 15 години постоење во македонскиот етер, Канал 77 го отвори регионалното радио "Пела ФМ" во Битола кое се емитува на две фреквенции. Тоа са пелагониски вести кои се слушаат во Прилеп и во Битола во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво. "Овој информативен прозорец значи повеќе медиумска светлина и свежина во локалниот етер. Тоа ќе придонесе да се збогати локалната информативна понуда, а преку него ќе се пласираат настани од регионот, а особено за локалната самоуправа. Пела ФМ ќе ја развие и конкуренцијата на ова информативно подрачје", рече Мирче Адамчевски, претседател на Радиодифузниот совет, кој свечено го прогласи Пела ФМ за отворено.



    Само еден месец по промовирањето на програмскиот прозорец Пела ФМ во Битола, наменет за слушателите од Пелагонискиот регион, Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ". Програмскиот прозорец Носталгија ФМ емитува програма од 9 до 15 часот. Прозорецот е наменет за слушателите на Штип и потесниот регион а форматираниот прозорец нуди две основни компоненти: Олдис музика со музика од бившите Ју простори и вести. Промовирањето на локалните програмски прозорци е дел од настојувањата на менаџментот на Канал 77 медиумски да ја засилат информираноста на граганите на локално ниво, како резултат на процесите на децентрализација. Неговот промовирање се совпага со прослвата на 8-ми Ноември, денот на ослобдувањето на Штип, заради што стартот на програмата на "Носталгија ФМ" ќе ја означи Градоначалникот Панде Сарев. Канал 77 оваа година го одбележа 15 годишниот јубилеј.


  Реп. Сев. Македонија 2000 Штип, ул. „5-та Партиска Конференција“ бб
  тел. +389 32 397707, +389 32 397717
  e-mail: kanal77@kanal77.com.mk
  web-site: www.kanal77.mk , Канал 77 во Фејсбук

Онлајн пренос
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS
Белчишта 106.8 Славеј Планина,
Битола 103.2 Тумбе кафе,
Битола 106.0 Пелистер,
Валандово 103.4 Боскија,
Велес   89.4 Свети Илија,
Гевгелија 101.5 Мрзенски рид,
Дебар   89.0 Стогово,
Делчево 102.7 Голак,
Демир Капија 100.3 Демир Капија,
Душегубица 104.1 Душегубица,
Кавадарци 106.0 Голем Љубаш,
Кичево 105.5 Цоцон,
Кожле 101.9 Кожле,
Кочани 101.0 Зрновци,
Кратово 105.1 Страцин, 500 W,
Крива Паланка 106.8 Жидилово,
Крушево 104.4 Мечкин Камен,
Куманово 102.7 Стари Лозја,
Маврово   89.7 Кожа,
Мал Радобил   92.0 Мал Радобил,
Неготино 103.2 Серта,
Охрид 105.4 Гореничка чука,
Пехчево   92.3 Буковиќ,
Прилеп 104.1 Две Стени,
Радовиш 102.3 Али Коч,
Ресен 104.4 Сопотско - Мечкина Јама,
Свети Николе 103.8 Ѓуриште,
Скопје   89.7 Водно,
Струга 106.9 Мали Влај 2,
Струмица 102.9 Сушево,
Струмица 106.0 Баир,
Тетово 101.9 Попова Шапка,
Фариш 106.9 Фариш,
Штип 101.8 Туртел,
Штип 103.0 Сењак,
 
Сателитско емитување
Сателит Честота - GHz детали
Eutelsat 16A, 16° исток 11.221(H) SID:4466, APID:666, Скорост:30 Mbaud, Корекција:3/5, слободно емитување од Total TV, Карта на покриеност